Насловна / Арт и дизајн / Изложба „Transference-Пренос“ на Милан Андов

Изложба „Transference-Пренос“ на Милан Андов

milan andov_pokana
Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) вечер во Галерија 8-Безистен организира изложба на Милан Андов, насловена „Transference-Пренос“.

– Тема поврзана со потсвеста и несвесното. Трансфер на емоции претставени во форма на љубов, бес, омраза, недоверба… ликови кои артикулирајќи ја психолошката состојба се преобразуваат од реалистична до идеализирана емотивна претстава со нагласена дисторзија…Својата цртачка вештина ја истакнува преку детализираните моменти кај портретот, но исто така и кај воопштените или синтетички црти на ликот. …Застанувајќи пред неговите дела каде што се претставени ликови, можеме да ја видиме емоцијата и изронувањето на моментот од потсвеста на авторот, – соопшти ДЛУМ.

Милан Андов (1974) дипломирал во 2005 година на Факултетот за ликовни уметности,  на отсекот за графика и графички дизајн. Добил повеќе награди и признанија, меѓу кои е наградата за сликарство „Лазар Личеноски“ на ревијалната „Годишна изложба“ на ДЛУМ  во 2013 година.
пренос-изложба

Испрати коментар

Scroll To Top