Насловна / Вести / Изложба „Тираноцид“ на Илија Прокопиев во берлинскиот „Прима Центар“

Изложба „Тираноцид“ на Илија Прокопиев во берлинскиот „Прима Центар“

Изложбата „Тираноцид“ отворена во „Прима Центар“ во Берлин, е поставка со којашто пред тамошната јавност се претставува македонскиот уметник Илија Прокопиев.

ilijaprokopiev прима берлин

Во берлинскиот „Прима Центар“, каде што најчесто изложуваат македонските уметници, берлинската публика може да се запознае со творештвото на Прокопиев.

Изложбата на Прокопиев е составена од две големи хоризонтално поставени слики и неколку помали цртежи, како и два анимирани цртежи.

Со употреба на приказни од општата и личната историја како позадина на неговата работа, Прокопиев со нивна интерпретација иронизирајќи или едноставно раскажувајќи ја опсервира генералната историска матрица која што влијае на развојот на нашата меморија, знаење и цивилизациска совест.

Со изложбата „Тираноцид“, Прокопиев дава фокус на убиството на Хипарус, брат на атинскиот тиран Хипиас од страна на Хармодус и Аристогитон, значајна историска епизода од класична Атина која што ја дефинира атинската демократија или попрецизно која ќе стане главен наратив кој што ќе ја зачува демократската идеологија на Атињаните преку поставувањето скулптура на двајцата убијци во атинската агора.

Илија Прокопиев е интердисциплинарен уметник и културолог, а неговите дела се изложувани на голем број локации во Македонија и во странство, како на 15. Биенале на млади уметници од Европа и Медитеранот. Работел на илустрација на неколку книги, а учествувал и на неколку јавни уметнички проекти. Во 2011 година ја добил наградата ДЕНЕС.

Прокопиев во Берлин гостува како резултат на соработката што „Прима Центар Берлин“ и основачот Јован Балов ја имаат со Министерството за култура во рамки на која секоја година по неколку македонски уметници можат да се претстават пред пребирливата германска публика.

Изложбата во Берлин ќе биде поставена до 8 октомври.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top