Насловна / Арт и дизајн / Изложба „Свети Наум како ликовен сон“ во Музеј на град Скопје

Изложба „Свети Наум како ликовен сон“ во Музеј на град Скопје

Изложба „СВЕТИ НАУМ КАКО ЛИКОВЕН СОН“ од австрискиот уметник Бернхард Холеман
Музеј на град Скопје 16 април (понеделник) 2018 година во 20 часот.

Hollemann 2018 Pokana
Изложбата е во рамки на обележувањето на Светскиот ден на уметноста.
15-ти април, денот кога е роден големиот гениј на италјанската и европската ренесанса Леонардо да Винчи, го славиме како Светски ден на уметноста. Општината Центар – Скопје заедно со Асоцијацијата за култура ИКОН веќе традиционално го обележуваат овој празник на уметноста. Оваа година кон ова чествување се приклучува и Музејот на град Скопје со што овој празник добива и институциална димензија.
Празнувањето оваа 2018 година го одбележуваме со изложбата на големиот австриски уметник и пријател на Македонија, Бернхард Холеман. Изложбата носи наслов „ Свети Наум како ликовен сон “.

IMG_3147_m
Древниот манастир Свети Наум од крајот на деветиот век е место каде што со векови се таложеле културни наслојки и се вкрстувале цивилизации и култури. Токму затоа овој манастир стана инспирација за ликовниот уметник Бернхард Холеман кој неколку години во летните месеци престојуваше во манастирските конаци. Неговите дела создадени за тоа време и на тој простор се културно – цивилизациски континуитет, со несомнен придонес во градењето на европската ризница на културни вредности.

IMG_3150_m

IMG_3278

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top