Насловна / Вести / Изложба посветена на ГТЦ

Изложба посветена на ГТЦ

GTC go sakam

Почнувајќи од денес, во наредните три дена граѓанската иницијатива „Го сакам ГТЦ“ организира изложба на фотографии на тема „ГТЦ“ собрани преку социјалните медиуми, личните архиви на граѓаните, како и архивски стари фотографии од ГТЦ.

GTC_By Vesna Naumovska (2)

Фото: Весна Наумовска

Ова ќе биде најголемата изложба на фотографии посветени на Градскиот трговски центар, а посетителите ќе имаат можност да видат над 300 фотографии кои датираат од почетокот на градењето на објектот кон крајот на 60-тите години на минатиот век, па се до денес.GTC_By Vesna Naumovska

Фото: Весна Наумовска

Меѓу другото, посетителите ќе можат да видат и ретки и оригинални фотографии од ГТЦ кои по прв пат ќе бидат јавно објавени, а ќе има и посебен колаж од слики од личната галерија на учесниците во изградбата на објектот. Исто така, на изложбата ќе бидат поставени и сите оние фотографии кои во изминатите денови беа испраќани од граѓаните на Скопје во рамките на конкурсот  „I <3 ГТЦ“ организиран од страна на иницијативата „Го сакам ГТЦ“.GTC_By Nebojsa Gelevski

Фото: Небојша Гелевски

Од иницијативата велат дека секој заинтересиран граѓанин може да дојде и да ја погледне оваа ретка колекција на фотографии. Изложбата ќе биде поставена денес во паркот Жена – Борец и ќе започне во 16 часот, додека пак во четврток и во петок ќе биде отворена од 12 до 20 часот.GTC_By  anaumceski

Фото: Ана Умчески

Изложбата на фотографии „I <3 ГТЦ“ е дел од кампањата „Излези за ГТЦ“ која има цел да ги мотивира граѓаните во општина Центар да излезат на претстојниот референдум, кој ќе се одржи на 26 април, и да одлучат за изгледот на ГТЦ.

Испрати коментар

Scroll To Top