Насловна / Вести / Изложба „Портрети на душевно болни луѓе“ во Остен

Изложба „Портрети на душевно болни луѓе“ во Остен

Вечерва (11 февруари) во просториите на Галерискиот простор на Остен, ќе биде отворена изложба на авторката Јасминка Новковска.

Изложбата е под наслов „Портрети на душевно болни луѓе“ преку кои се доловува моментот на пркос, душевна болка и бес.

излозба јасмина новковска

Јасминка за оваа изложба користи комбинирана техника од фломастери и шминки. Триесет и четирите дела кои ќе бидат изложени ќе симболизираат драматичност, хаотичност, страв и страст.

Како што вели самата авторка, на портретите на душевно болните луѓе, може да се забележат гестови, крикови и изрази кои всушност наметнуваат откривање на душевните состојби.

Јасминка Новковска е родена во 1975 година во Скопје. Во 1998 година дипломирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Магистрирала во 2003 година на Националната уметничка академија во Софија. Имала две студиски патувања во Париз (1995) и во Рим (1998) година. Во 2001 година беше македонски претставник на Франкофонските игри во Отава, Канада. Во 2007 година реализирала студиски престој во Париз, а од октомври е и член на ДЛУМ.

Добитник е на наградата „Љубомир Белогаски“ за најуспешен млад автор за изложбата насловена „ЕРА“ во 2000 година, а во 2015-та ОСТЕН ја прогласува за ОСТЕНОВ УМЕТНИК за 2015.

Испрати коментар

Scroll To Top