Насловна / Вести / Изложба на Теа Јовановска во КИЦ

Изложба на Теа Јовановска во КИЦ

tea tea (2)

Изложба на слики насловена „Тишина“ од Теа Јовановска ќе биде отворена вечер во 20 часот во Културно-информативниот центар во Скопје.
„Тишина“ е прва самостојна изложба на Јовановска на која ќе се претстави со дваесетина дела.tea
Теа Јовановска е родена во Скопје во 1989 година, и дипломира на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во 2012 година, отсек сликарство. Во текот на студиите со знаење се здобила кај тројца професори – првата година од студиите била во класата на Вело Ташовски, втората кај Свето Манев, додека во третата и четвртата година била во класата на професорот Благоја Маневски. Досега се претставила на неколку групни изложби.
Автор на текстот во каталогот е режисерот Златко Славенски. Изложбата во КИЦ ќе биде отворена до 22 декември.

Испрати коментар

Scroll To Top