Насловна / Вести / Изложба на Билјана Бинчев во Прилеп

Изложба на Билјана Бинчев во Прилеп

Вечерва (17 март), во 19 часот, во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва, 17 март,  ќе биде отворена изложба на слики од Билјана Бинчев со наслов „Емоции“.

Ова е нов циклус на слики со кои уметницата Билјана Бинчев за првпат се претставува пред љубителите на ликовната уметност во родниот Прилеп. Преку делата Бинчев ја изразува нејзината емотивна состојба.

Бинчев има завршено Педагошки факултет во Битола, а подоцна и ФЛУ во Скопје во класата на професорот Јован Шумковска. Дипломирала 2014 година, при што е добитник на наградата за постигнат највисок просек и одлични резултати во студирањето. Имала самостојни изложби во Кавадарци и Неготино, а учествувала на повеќе групни изложби, на ликовни колонии и член е на ДЛУП и ДЛУМ.

Испрати коментар

Scroll To Top