Насловна / Арт и дизајн / Изложба на победничките фотографии на Pride Photo Award во „Мала станица“

Изложба на победничките фотографии на Pride Photo Award во „Мала станица“

Денес (5 декември), со почеток во 20 часот во „Мала станица“ќе биде отворена изложбата на победничките фотографии на Pride Photo Award за 2016 година.

Изложбата ќе ја отворат министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, и амбасадорот на Холандија во Македонија, Воутер Пломп.coalitionizlozba

Pride Photo Award е меѓународен годишен фотографски конкурс со фокус на сексуалниот диверзитет и родовиот идентитет. Секоја година фотографи од светот ги споделуваат своите најкреативни, најпредизвикувачки и нестереотипни погледи на родот и сексуалноста. Меѓународно експертско жири ги селектира најдобрите дела по што се организира светска изложба. Изложбата веќе беше поставена во Амстердам, Болоња, Џакарта, Ханој и во Сан Франциско.

Pride Photo Award има цел да придонесе кон поправичен и инклузивен свет преку видливост на сексуалниот и родов диверзитет и создавање свесност за другиот.

„Во време кога личните ставови се под силно влијание на визуелната информација, фотографијата нуди моќна и современа алатка за општествени промени. Сликите поседуваат уникатна моќ да едуцираат и информираат бидејќи ги надминуваат јазичните бариери и културните разлики. Преку доделување награди и изложување фотографии, во чиј фокус се прикажани приказни отаде очигледното, Наградата за прајд фотографија го разоткрива она што се обидуваат да го затскријат малигните моќи и медиуми.
Преку стремежот да се прикаже свет отаде конформистичките хетеронормативни толкувања на сексуалноста и поедноставените бинарни концепти за родот, Наградата за прајд фотографија разоткрива свет ослободен од стереотипите и предрасудите“, се вели во најавата за изложбата.

Изложбата е во организација на холандските амбасади во Тирана, Приштина и во Скопје, во партнерство со Коалицијата СЗПМЗ и со финансиска поддршка од градот Амстердам и фондациите „Ахмеа“, „Фондс 21“, АФК и „Трутфондс“.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top