Насловна / Вести / Изложба на Јана Куновска во КИЦ

Изложба на Јана Куновска во КИЦ

jana kunovska izlozba

Вечерва во 20.30 часот во Културно-информативниот центар – Скопје, изложбен салон „Империјал“, ќе биде отворена изложба на слики од Јана Куновска. Се работи за дела изработени во последниот период од нејзиното творештво.

Јана Куновска има дипломирано на ФЛУ во Скопје насока сликарство во класата на професор Танас Луловски, а постдипломските студии ги заврши на истата високообразовна институција кај професор Јован Шумковски. Досега има реализирано десетина самостојни изложби во Македонија, Германија и во земјите од регионов, а учествувала и на повеќе групни поставки од кои за издвојување се оние во Словенија и во САД. Таа повеќе години е активна и на полето на графички дизајн и за своите идејни решенија е добитник на три значајни награди.

Изложбата ќе биде отворена до 31 мај.

Испрати коментар

Scroll To Top