Насловна / Архитектура / Изложба на истражувачкиот проект: „Скопските вертикали“

Изложба на истражувачкиот проект: „Скопските вертикали“

Автори: Д-р. Јован Ивановски, д.и.а., Д-р. Ана Ивановска Дескова, д.и.а., Владимир Десков, д.и.а.

Организација: Музеј на град Скопје

Раководител на проект: Фросина Зафировска, кустос советник

Отворање: понеделник, 07. мај, 2018, во 20, 00 часот
Музеј на град Скопје

Основна цел на истражувачкиот проект „Скопските вертикали“ беше документирање, проучување и претставување на истакнати примери на архитектонското творештво од периодот на Модерната, значајни за урбаниот развој на градот Скопје. Во специфична смисла, проектот беше насочен кон истражување на архитектонските концепти, типологии и форми кои придонеле за развој и раст на градот по височина, односно – по вертикала. Со силна предлошка во парадигмите на Модерната во однос на морфолошката форма на градот, проектот „Скопските вертикали“ беше насочен кон откривање, документирање, анализа, претставување и промоција на богатото наследство на архитектонски кули – висококатници, реализирани како последица на интензивните процеси на модернизација на градот непосредно по завршувањето на втората светска војна, а особено интензивно во рамки на постземјотресната обнова. Покрај своите индивидуални архитектонски квалитети, мноштвото групации на висококатници во Скопје соучествуваат во формирањето на повеќе препознатливи градски целини, придонесувајќи на тој начин и во формирањето на неговиот урбан идентитет.

Vertikali_Korica_MKD

Истражувачкиот проект „Скопските вертикали“ на јавноста ќе се претставен на два начини: преку (1). изложбена поставка, составена од макети, како и од пратечки графички и фотографски материјали конципирани во впечатлива изложбена поставка, реализирана во просторот на Музејот на град Скопје; (2). печатена публикација (книга), во кој е прикажан архивски, документарен и аналитички графички материјал за триесетина изградени примери на архитектонската типологија на висококатници изградени во градот Скопје во ХХ-от век.

Изложбата е финансиски подржана од Министерството за култура и Град Скопје

Испрати коментар

Scroll To Top