Електричен автобус 15
Насловна / Вести / Електричен автобус 15

Електричен автобус 15

Од денес па во наредните шест месеци електричен автобус кој што фирмата „Челиот моторс“ го отстапи на Град ќе сообраќа на линијата со број 15 од Карпош до Ново Лисиче. Станиците за полнење ќе бидат поставени на последните станици на оваа линија. Целта на овој проект е да се види ефектот врз животната средина и заштедата на средства, со цел да може да се планира модернизација на градскиот сообраќај.

1
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на денешната промоција на автобусот изјави „Автобусот е направен во согласност со последните технолошки трендови во оваа индустрија. Станува збор за енергетски ефикасен автобус што троши минимално количество електрична енергија и е опремен со систем за брзо полнење и има нула емисија на штетни гасови“, рече градоначалникот Шилегов.
Потсети дека годинава е предвиден буџет за субвенции за набавка на екоавтобуси во висина од 100 милиони денари и за приватните превозници во висина од 20 милиони денари, како и оти во Скопје веќе сообраќаат два екоавтобуси на гас, на линијата број 5 и на линијата број 2.
Со пробното користење на овој тип автобус Градот ќе може да процени дали тоа би било вистинско решение за јавниот градски превоз.

2

Автобусот е направен според последните технолошки трендови, троши минимално количество на електрична енергија и е опремен со систем за брзо полнење. За еден ден возење низ Скопје електричниот автобус ќе прави трошок за електрична енергија од 21 евро, што е многу помалку отколку трошоците за дизел гориво на двокатните автобуси кои се 121 евро за еден ден. Еден електричен автобус кој го произведува оваа компанијата чини околу 500.000 евра.
Како што кажа градоначалникот досегашното искуство од користењето на автобусите на гас покажало дека со користење на 30 вакви возила месечната заштеда за гориво е 140.000 евра односно за една година ќе се намалат трошоците на ЈСП „Скопје“ за 1,3 милиони евра.

Еден коментар

  1. Да не ви е грешна математиката?
    Ако еден елекртичен автобус троши €21, а дизел троши €121, како што објавивте, тогаш заштедите се €100 на ден или €3,000 за 30 дена ако е во употреба секој ден. Помножено со 30 автобуси, тоа е €90,000 заштеди на месец, а не €140,000 како што објавувате. Доколку автобусите се користат 75% од деновите, тогаш реалната заштеда е €67,500!!!

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top