Насловна / Вести / Изложба на фотографии од Роберт Атанасовски во „Галерија 8“

Изложба на фотографии од Роберт Атанасовски во „Галерија 8“

MACEDONIA-WEATHER-HEAT

Вечерва во „Галерија 8“ во Старата скопска чаршија, ќе се отвори изложбата ‘People’ на реномираниот фотограф Роберт Атанасовски.

„Посебно сме горди што роденденската изложба ќе биде на Роко – лик кој може да се пофали со искуство како дописник во France Press, фоторепортер и уредник на фотографија во Дневник, Нова Македонија, Време, а сега во mkd.mk. Добитник е на награди за фотографија, а дел од неговите фотографии се споделуваат нa светски медиуми како што се Washington Post, LA Times, Chicago Tribune“, велат од „Галерија 8“ каде што во изминативе три години биле поставени изложби на над 100 автори и се одржале многу свирки.

Испрати коментар

Scroll To Top