Насловна / Вести / Изложба на фотографии на Мајка Тереза со светски познати личности

Изложба на фотографии на Мајка Тереза со светски познати личности

majkatereza

Денеска во Спомен куќата на Мајка Тереза, по повод 105 годишнината од раѓањето на Мајка Тереза, ќе се одржи изложба на фотографии на Мајка Тереза со светски познати личности.

Фотографиите на кои Мајка Тереза е со папата Јован Павле II, кралицата Елизабета, принцот Чарлс, Далај Лама, Јасер Арафат, Едвард Кенеди, принцезата Дајана, сестра Нирмала се откупени од новинската агенција Асошиејтед прес.

Изложбата ќе биде дополнета со цитати од познатите личности посветени на Мајка Тереза.

Проектот е реализиран со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Македонија, а за откупените фотографии Спомен куќата доби перманентни авторски права за нивно користење.

Изложбата ќе се одржи во отворениот простор околу бунарот на Спомен куќата на Мајка Тереза.

Испрати коментар

Scroll To Top