Насловна / Вести / Изложба на Дамир Кожул и Кристијан Жижиќ во Чифте амам

Изложба на Дамир Кожул и Кристијан Жижиќ во Чифте амам

Утре (5 мај) во 12 часот во објектот Чифте амам во Скопје, ќе биде отворена самостојна изложба на уметничката двојка Дамир Кожул и Кристијан Жижиќ од Загреб, Хрватска.

Куратори на проектот се Вања Жанко од Загреб и Ана Франговска од Македонија.

– Горди сме што имаме можност да ве поканиме на првото македонско самостојнo презентирање на Жижиќ и Кожул, изложба која ќе се состои од неколку инсталации произведени наменски за просторот на Чифте амам, кои произлегуваат од неодамнешната работа и интереси на уметниците. Оваа изложба го истражува феноменот на подоброто претставување и генеричкото искуство, кои се од централно значење за трансформирање на менталниот приказ под влијание на глобалниот пазар и маркетинг индустријата – велат кураторите.pokana

Кожул и Жижиќ изјавуваат: „Живееме во апсурден момент кој е творечки неодолив“, сосема апликативна изјава и на актуелното македонско време. Оттука, сигурни сме дека оваа изложба ќе го привлече вниманието на македонската публика и со својот визуелен аутфит, а и со концепциската содржина.

Испрати коментар

Scroll To Top