Насловна / Вести / Изложба на цртежи од Павле Кузмановски

Изложба на цртежи од Павле Кузмановски

Утре (8 јуни) во 12 часот, во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“во Скопје, ќе биде отворена изложба на цртежи од Павле Кузмановски.

Пред љубителите на уметноста, познатиот македонски сликар ќе презентира 30 цртежи, работени по мотиви од поетската книга „Устата на јавето“ од Раде Силјан.кузмановски

За најновите остварувања на македонски сликар ќе говорат Паскал Гилевски и Климе Коробар.

Павле Кузмановски (Тетово,1939) спаѓа во редот на најзначајните македонски сликари. Во изминатите пет децении творечка дејност организирал педесеттина самостојни изложби во Република Македонија и во странство, а учествувал на над двеста и педесет групни изложби.

Добитник е на престижни национални и меѓународни признанија.

Испрати коментар

Scroll To Top