Насловна / Вести / Изложба на цртежи на Мирко и Лидија Вујисиќ

Изложба на цртежи на Мирко и Лидија Вујисиќ

Во Овореното графичко студио при Музејот на град Скопје отворена е изложба на цртежи на уметниците Мирко и Лидија Вујисиќ.

Параидеологијата е средство на уметникот, како двојазична сликовност, со ликовна и психолошка детерминанта, каде авторската порака на Лидија Вујисиќ е асоцијативна препорака за повеќеслојни консеквенци на толкувања… Хартиите на цртежите се прекршени, очекувана состојба на идентификација со весник за ефемерна употреба. Но се претпочитува и некоја претходна состојба во која од дрвото се издвојува целулозата, сомелува во нов хемијски амалгам и омеѓува во геометриски формат на табак, да врз нив се печати конкретен текст.мирко и лидија

На цртежите текстот истрошен сведен на „знак“… , делови од некој подсокриен симбол. Случајно истуткан лист пресоздава пареидоличен облик, се сугерира преднаменска состојба на мотивот асоцирајќи на морфолошка синтакса од миметички форми… Помеѓу интроспективната проекција на авторот и дејствието на гледачот, се буди тој рефлекс на субјективна анализа во читањето. Помеѓу двата чинитела- авторот и реципиентот – се отвора оној нужен „мета простор“ во кој лексиката е поетска, преносните значења се се подоминантни. Секој детаљ ја губи наративната појавност. И од здружување на неколку од нив со насоки на движење вон зададената рамка… низ сетилните патеки, бранувајќи ја емотивната и диховна птсвест на личноста.

Лидија Вујисиќ е родена во Скопје. Средно уметничко училиште – отсек грaфички дизајн завршила во Ниш 1976 година. Дипломирала на ФЛУ – Скопје (отсек графика) 1985 год. Професор е во Училиштето за дизајн и ликовна уметност „Лазар Личеноски“ од 1986 год. Со свои дела учествувала на повеќе меѓународни графички изложби меѓу кои Intergrafik Berlin, Kanagava – Јапонија, Биенале во Варна, Белград, Белгија, Романија… На ДЛУМ изложби добитник е на 10 награди за графика од 1987 до 2016 година.

Мирко Вујисиќ, пак, создава визуелен исказ врз чувствителна, суптилна линија на која се среќаваат и вплотуваат спротивностите помеѓу автоматскиот принцип на бележење на импулсите и воспоставување на рамниште со длабоки лавиринти во сопственото битие… осмисленоста на тој поетски контекст може да се одреди кон потребата да се надмине френезијата на неавтентичноти и визуелного дефинира сопственото промислување на светот и своето место во него…

Кај Мирко Вујисиќ се препознава ретката особина која подразбира долго одржување на емотивен напон така што идејата не губи на снага низ процесот на реализација. Воспоставува комуникација од чудесниот свет на внатрешните простори мирејќи ги со префинетите цртачки структури и металната предлошка кои директно ја допираат светлината со темнината на човековата потсвест. Мирко Вујисиќ е роден во 1957 год. Училиште за применета уметност завршил во Скопје на одделот за графика. Во 1998 г. магистрирал на Факултетот за ликовни уметности во Белград. Предава како редовен професор на ФЛУ во Скопје. Има реализирано 23 самостојни изложби во земјата и странство со графики, цртежи и слики. Учествувал на преку 80 групни изложби на графика и цртеж во земјата и странство.

Испрати коментар

Scroll To Top