Насловна / Вести / Изложба на Борислав Траиковски во Софија

Изложба на Борислав Траиковски во Софија

Благодарение на соработката со Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј од Штип и поддршката од Министерството за култура, за првпат публиката во Софија ќе може да види дела од опусот на големиот македонски сликар.

Изложбата која ќе биде поставена до 28 октомври, вечерва ќе ја отворат Васко Шутаров и Зоран Читкушев, директори на двете институции, организатори на настанот.traikovski1

Борислав Траиковски (1917-1996) е сликар и педагог кој се вбројува меѓу првите дипломирани ликовни уметници во Р. Македонија. Основното и средното образование го завршил во родниот крај, а во 1951 година дипломирал на уметничката академијата во Белград. Заедно со Корубин и Лозановски бил еден од првите македонски студенти што во 1951 година дипломирале на Академијата за ликовни уметности во Белград.

Забележано е дека за време на студиите бил во различна класа на професори, поради што честопати доаѓал и во конфликт, во однос на слободата на изразот и начинот на сликање со Ѓорѓе Андреевиќ-Кун, Љубица Сокиќ, Коста Хакман, Иван Табаковиќ и други.

Како член на ДЛУМ, бил на студиско патување во Италија, а како стипендист, и на студиски престој во Париз во 1961 година. Траиковски се смета за еден од основоположниците на современиот ликовен живот во Македонија, бил прв претседател на ДЛУБ и најзначаен член на групата ВДИСТ. Има остварено многубројни самостојни и групни изложби во Македонија (Битола, Прилеп, Скопје, Струга) и странство (Белград, Загреб, Лондон, Братфорд, Ферара, Париз).

Дел од делата од неговото творештво се влезени во многубројни приватни колекции, а друг дел се наоѓа во музејски колекции во Македонија и надвор од неа. Целиот свој живот и работен век го минал во Битола. За уметничките постигања има добиено државни награди и награди на Општина Битола.

Испрати коментар

Scroll To Top