Насловна / Вести / Изложба „Моја инспирација“ во Битола

Изложба „Моја инспирација“ во Битола

moja-inspiracija0

Денес во Н.У. Завод и Музеј Битола ќе биде отворена изложбата „Моја инспирација“која има за цел да ги реактуелизира традиционалните вештини во изработката на носиите, да ги документира експонатите во музејската збирка на носии, кои денес претставуваат богато културно наследство и воедно да ги едуцира младите за негување интерес кон традицијата и културата. Автор на проектот „Моја инспирација“ е Наде Геневска Брачиќ, етнолог, кустос советник во НУ Музеј на град Битола, а ментор модната креаторка Лили Кадинска.
Почетната едукативна активност со учениците од средното образование, од СОУ „Таки Даскало“ од Битола, текстилна насока , ги претстави основните кроеви на женска и машка кошула. Овие експонати се избрани како основни елементи во облеката, преку кои се издвојувал социјалниот статус на поединецот, се изразувала везбената орнаментика, симболика и семантика во најзначајниот период на развој на овдешната народна носија.
На овој начин, облеката која ја изгубила својата функција и денес е само дел од музејските збирки, би била мост помеѓу минатото и сегашноста и би била инспирација во креирањето современ израз со мотиви од традиционалното културно наследство.zavod-i-muzej-bitola

Испрати коментар

Scroll To Top