Насловна / Вести / Изложба „Арт фуд“ во „Чифте амам“

Изложба „Арт фуд“ во „Чифте амам“

арт фуд чифте амам

Во галеријата „Чифте амам“ во Скопје отворена е полска изложба „Арт фуд“, од истоимениот проект чиј куратор е уметничкиот директор Марек Цецула од „Ќмјелув дизајн студио“. Проектот кој е започнат по иницијатива на Институтот „Адам Мицкјевич“, како дел од тековната програма која го промовира полскиот дизајн, е огранизиран за да ги вклучи раните фази од образованието во областа на дизајнот и да го изнесе надвор од ѕидовите на универзитетите.

Стариот полски производител на порцелан „Ќмјелув порцелан“, денес под ново име – „Полски фабрики за порцелан ‘Ќмјелув и Хоѓеж’“ создал услови во кои проектот добил физичка форма и станал место на производство. На изложбата се презентирани производи од порцелан за кои моделите по консултации од готвачи од ценети ресторани ги создале студенти.

„Сместувајќи го проектот помеѓу образованието, професионалното искуство и потенцијалот за создавање потрошувачки производ, тој нуди уникатни услови за студентите по дизајн, градејќи мост меѓу академијата и практиката“, стои во најавата за изложбата организирана од страна на Полската амбасада во Скопје.

Испрати коментар

Scroll To Top