Насловна / Архитектура / Изложба „Архитектура на маргините“ во Белград

Изложба „Архитектура на маргините“ во Белград

izlozba vo dom omladine_5
Од 8 до 17 април годинава, во големата сала на Дом Омладине во Белград ќе се отвори регионалната изложба „Архитектура на маргините“, која ќе се состои од архитектонски цртежи и скици кои се направени во текот на креативните процеси на работа.

izlozba vo dom omladine_4

Ива Марисављевиќ

Идејата потекнува од потребите на архитектот да се покаже оној дел на работата кој не се гледа често и не се препознава кај веќе готовиот објект. Уредници на изложбата се Срѓан Гавриловиќ и Марко Стојановиќ, а изложбата е поддржана од страна на Здружението на српските архитекти.

Меѓу уметниците чии дела ќе бидат изложени се и Андреј Маркуш, Саша Буѓевац, Дарја Чоко, Дејан Миливојевиќ, Ѓорѓе Мандрапа, Милан Лојаница, Никола Милановиќ, Срѓан Гавриловиќ и други. Изборот на изложувачи беше направен преку јавен конкурс.

izlozba vo dom omladine_1

Срѓан Гавриловиќ

„Маргина е збор што обично значи ‘простор‘ во кој се наоѓаат луѓе или појави кои по својата природа, тема, карактер, стил или вкус не одговараат на сето она што се смета за вредно или актуелно за одредена околина, па и за архитектонската. Од друга страна , ние „маргина“ ја дефиниравме на сосема поинаков начин. Во буквална смисла, ливчиња од тетратки, тефтери, салфети, сметка или проектни документации на коишто настануваат некои интересни идеи“, вели Марко Стојановиќ.

izlozba vo dom omladine_3

Игор Куваќ

Неопходно е да се истакне вредноста на цртежот во архитектурата креација, која многумина ја игнорираат: „Цртежот е еден од најважните алатки во процесот на дизајнирање, бидејќи без него не постои ‘доказ’ дека архитектот размислувал за архитектура, туку само имплементирал  некои архитектонски форми кои ги забележал во книги, списанија или на Интернет“, вели Стојановиќ, додавајќи: „Цртежот укажува на текот на мислата на архитектот и ‘раѓање‘ на идеја која својата материјализација ја доживува преку едноставен цртеж на хартија“.

Испрати коментар

Scroll To Top