Насловна / Вести / Изложба „Always Ready“ на Фирфова во МКЦ

Изложба „Always Ready“ на Фирфова во МКЦ

firfova vo mkc
Во галеријата на Младинскиот културен центар вечер ќе биде отворена изложба „Always Ready“ на Неда Фирфова. Изложбата е продолжение на нејзиното истражување на масовните игри т.е. слетови во Тирана.

Фирфова го истражува исчезнувањето на книгите што биле користени за масовните игри одржувани на 1 Мај во Албанија и за спортските настани наречени Спартакијада, кои се одржувале за време на комунистичкиот режим на Енвер Хоџа. И двата настани вклучувале елементи од масовните игри кои имале за цел да го стимулираат духот, енергијата и состојбата на умот на оние што се натпреварувале, но исто така, се разбира, и да ги засилат националните идеали, педантно комбинирајќи два вида тела: политичко и атлетско. Огромни собири на ученици, наредени во шаблон, ги држеле овие големи книги над нивните глави притоа формирајќи извонредна пропагандна слика. Книгите биле увезени од Кина, во време кога овие две држави имале блиски политички и економски односи.

На изложбата ќе бидат претставени книги кои ги изработила авторката Фирфова, според сведоштва на луѓе кои се присетувале на слетовите во Албанија, две нови дела како и каталог за настанот.

Испрати коментар

Scroll To Top