Насловна / Вести / Изградени потпорни бетонски ѕидови на повеќе велешки улици

Изградени потпорни бетонски ѕидови на повеќе велешки улици

Veles 9

 Со средства од општинскиот буџет, во Велес се изградени потпорни бетонски ѕидови на повеќе улици за да се превенира лизгање на земјиштето.
– Потпорните ѕидови се изградени на барање на жителите, а по увид на нашите стручни екипи на терен, со цел да се заштитат некои од улиците од лизгање на земјиштето поради конфигурацијата на теренот, изјави портпаролот на Општина Велес Мартин Мајсторов.
Овие денови се изведуваат градежни активности за изградба на потпорен ѕид на улица „Трајко Митев“ во должина од околу 16 метри и височина од 2, 5 метри. Средствата за овој зафат се во висина од околу 200 илјади денари и се од буџетот на Општина Велес.
Во изминатиот период Општина Велес со средства од општинскиот буџет изгради потпорни бетонски ѕидови на улиците на „Ганчо Хаџи Панзов“, „Никола Јонков Вапцаров“, „Игманска“, „Љубљанска“, „Трајко Митев“, „Јовче Тикваров“, „Костурска“ и други. 

Испрати коментар

Scroll To Top