Насловна / Вести / Изградбата на гасоводот „Северен тек 2“ е целосно завршена

Изградбата на гасоводот „Северен тек 2“ е целосно завршена

„На утринскиот оперативен состанок во „Гаспром“, претседателот на Управниот одбор Алексеј Милер соопшти дека изградбата на гасоводот е целосно завршена вчера во 8:45 часот по московско време“, се вели во соопштението што го пренесува „Росијскаја газета“. Се очекува гасоводот да биде пуштен во употреба до крајот на 2021 година.

ss2_resize

Како резултат на ова, хартиите од вредност на „Гаспром“ на московската берза веднаш скокнаа за 1,36 проценти и почнаа да чинат 330 рубли за една акција.

Гасоводот „Северен тек-2“ се состои од два крака кои поминуваат од рускиот брег на Балтичкото Море до Германија. Гасоводот беше поставен и во територијалните или ексклузивните економски зони на Финска, Шведска и Данска. Планирано е капацитетот на гасоводот да изнесува 55 милијарди кубни метри гас годишно.

s1_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top