Насловна / Архитектура / Скијачки терен на покрив од станбена зграда!

Скијачки терен на покрив од станбена зграда!

Skijacka pateka na pokriv3

Главниот град на Казахстан, Астана, наскоро би можел да добие станбена зграда со скијачки терен на покривот. Температурата во овој град може да падне под -15 степени Целзиусови, па овој град има во околината доволно места за зимски спортови. Но, сега се планира и изградба на зграда со скијачка патека.

Skijacka pateka na pokriv2

Зградата е планирано да има 21 кат, височина од 326 метри, а зад овој проект стои потписот на архитектот Матајбеков од Казахстан, инаку пасиониран скијач. Според неговите зборови, проектот би чинел околу 70 милиони долари. Но, што го поттикнало Матајбеков на оваа идеја?

Skijacka pateka na pokriv

Едноставно, сакал да го практикува своето хоби точно во своето соседство, бидејќи до најблиската природна патека потребни му биле четири часа возење со автомобил. Останува да видиме дали ќе се најде инвеститор за овој скап и луксузен проект, или сепак архитектот и понатаму ќе „се мачи“ да патува до скијачките терени во околината.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top