Насловна / Вести / Изградба на пречистителна станица и асфалтирање на 10 улици во Кочани

Изградба на пречистителна станица и асфалтирање на 10 улици во Кочани

Precistitelni_stanici_za_otpadna_voda(prep)1

Општина Кочани годинава ќе стартува со реализација на два значајни проекта од витално значење за граѓаните на градот и неколку населени места од полскиот дел. Ќе се гради пречистителна станица со колекторски систрем, а ќе се асфалтираат и 10 улици во градот и населбата Оризари. Ова го соопшти градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски на денешната прес-конференција.

– Проектот за изградба на пречистителна станица со колекторски систем за Кочани ќе го градиме со донација од Швајцарската влада, која изнесува 21 милион швајцарски франци. Десет отсто од вредноста на средствата обезбедуваат Владата преку министерството за животна средина, општина Кочани и КЈП „Водовод“. Колекторскиот систем ќе биде во должина од 13 километри и ќе ги опфаќа водите од девет пункта на Кочани и уште неколку населени места околу Кочанска Река. Пречистителната станица ќе се гради кај село Горни Подлог и ќе опслужува 58 илјади жители, – изјави Димитровски.

Втората капитална инвестиција според Димитровски се однесува на асфалтирањето на 10 улици во градот и населбата Оризари во должина од четири километри за која се обезбедени средства во висина од 61 милион денари од подзаемот на Светска банка. Улиците ќе бидат асфалтирани за девет месеци.

 

Испрати коментар

Scroll To Top