Насловна / Вести / Изградба на патишта од градежен отпад и гуми

Изградба на патишта од градежен отпад и гуми

Тим австралиски инженери од мелбурншкиот Универзитет RMIT,  осмислил нов композитен материјал за изградба на патишта кој се базира на два огромни извори на отпад, односно на отпадни гуми и градежен шут. Комбинацијата на овие рециклирани материјали се покажала како многу ефикасна, пружајќи ја потребната цврстина, како и флексибилност. Како што е познато, целокупниот градежен шут кој може да се издроби, може да се претвори во градежен материјал кој се нарекува рециклиран бетонски агрегат. Тој потоа во друг процес се комбинира со други материјали и повторно се користи во изградбата на згради, намалувајќи го на тој начин негативното влијание врз животната средина. Меѓутоа, со ова истражување се отвора нова област за примена на градежниот шут. Имено, рециклираниот бетонски агргат може да најде примена и во изградбата на патишта. Истражувачите од RMIT експериментирале со адитиви кои би можеле да ги подобрат неговите перформанси во оваа област и дошле до заклучок дека гумените гранулати од отпадните автoмобилски гуми би биле идеални. Притоа, тимот утврдил дека композит составен од 0,5% гумени гранулати и 99,5% рециклиран бетонски агрегат би бил најдобар сооднос за правење на смесата со која би можеле да се градат патишта. Ваквата мешавина е внимателно оптимирана со цел да одговара на безбедносните стандарди на патиштата,  а освен што е еколошки, овој материјал воедно би требало да биде помалку склон на создавање пукнатини на патот, што е докажано со испитувањата.

Open Country Road

rmit2

rmit3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top