Насловна / Вести / Изградба на нова улица во Мичурин

Изградба на нова улица во Мичурин

nova ulica vo micurnin

Градоначалниците на Град Скопје и на Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски заеднички го означија почетокот на изградба на нова улица во најстарата населба во Општина Аеродром, Мичурин.

Станува збор за проект кој опфаќа изградба на новата улица „Анастас Митрев 3“ што ќе ги поврзува улиците „Венијамин Мачуковски“ и „Петар Ацев“, со целосно нова комунална инфраструктура.

Вкупната должина на новата улица ќе биде околу 200 метри, а широчината 6 метри, согласно Деталниот урбанистички план. Покрај новата улица ќе се изградат и тротоари со широчина од по 1,5 метар од двете страни на улицата, како и нови линии за јавно осветлување. За овој проект Општина Аеродром ќе издвои над 5 милиони денари од својот буџет.

Испрати коментар

Scroll To Top