Насловна / Вести / Изградба на атмосферска канализација на главната улица во Гевгелија

Изградба на атмосферска канализација на главната улица во Гевгелија

На главната сообраќајница во Гевгелија, улицата ,„7 Ноември“ почна изградбата на атмосферска канализација на делот од мостот над одводниот канал „Рауљ“ до крстосницата со улицата која води до општинскиот затвор.

– Канализацијата се гради на источната страна од улицата, во должина од 620 метри, а ќе чини повеќе од 7 милиони денари, велат од општината и посочуваат дека ова е најкритичниот дел од оваа улица кој секогаш се поплавувал при пообилни врнежи од дожд.gevgelija

Претходно беше поставена атмосферска канализација на оваа улица почнувајќи од зградата на ЈП за водостопанство „Јужен Вардар“ до кружниот тек кај поранешна „Алатница“ така што ова претставува продолжување на атмосферската канализација по целата должина на главната сообраќајница во Гевгелија.

Испрати коментар

Scroll To Top