Насловна / Вести / Изберете ги вистинските студии за вас – запишете се при Универзитетот во Љубљана

Изберете ги вистинските студии за вас – запишете се при Универзитетот во Љубљана

Студентите од Северна Македонија

студираат под еднакви услови како и словенечките студенти

Универзитетот во Љубљана е најголем и најстар универзитет во Словенија којшто се вбројува меѓу 3-те проценти најдобри во светот. Оваа учебна година на него студираат речиси 40 илјади студенти. Во последните неколку години, многу од странските студенти се од Северна Македонија. Оваа учебна година, на Универзитетот во Љубљана студираат 800 студенти, од кои 454 на додипломски студии и на униформни магистерски студиски програми, 305 на магистерски студии и 41 на докторски студии.

Словенија е посакувана дестинација со исклучителни искуства кои со задоволство ги споделуваме со вас. Таа е разновидна држава, во смисла на географија, историја. култура и јазик. За време на студиите, оставете време за откривање на чудесните зелени пејсажи каде што Алпите се среќаваат со Медитеранот и со Панонската Низина.

LOGO UL_resize

Словенија и Северна Македонија имаат склучено меѓудржавен договор врз основа на кој студентите од Северна Македонија се ослободени од плаќање школарина за додипломски и магистерски студии, освен ако веќе имаат стекнато еквивалентен степен на образование. Школарината е задолжителна за сите вонредни студенти и студентите на докторските студии, со можност за кофинансирање на докторски студии.

Универзитетот во Љубљана има 23 факултети и 3 уметнички академии од областа на општествените, хуманистичките, медицинските, технолошките науки, како и од уметноста и спортот, сите во согласност со Болоњскиот процес. Тоа дека нудиме студии во сите области на науката и уметноста станува се поретко и во глобални рамки. Нашата цел е студентите да ги користат стекнатото знаење и компетенции на најдобар можен начин во практиката. За време на студиите, студентите може да учествуваат во различни проекти и да станат дел од разновидната меѓународна заедница на професори и студенти.

Во споредба со другите држави, студентите во Словенија имаат доста поволности. Имаат субвенционирана храна и превоз и можат да се занимаваат со студентска работа. »Особено за странските студенти, на почетокот на учебната година, организираме ден за прием, на кој студентите добиваат информации од прва рака за студирањето при Универзитетот во Љубљана како и за животот во Љубљана и Словенија и со помош на тутори и други активности за поддршка им нудиме помош во вклучувањето во студиите и животот во Словенија. За полесно пристигнување во Словенија и започнување на студиите при УЉ, исто така изготвивме водич за добредојде« вели ректорот на Универзитетот во Љубљана, проф. др. Грегор Мајдич.

Нашата веб-страница ги содржи сите информации во врска со студирањето при Универзитетот во Љубљана – од расположливи студиски програми, услови и рокови за упис, дополнителни активности, кариерни можности, услови поради ковид-19 итн.

IFP d.o.o._resize

Фото: IFP, d.o.o.

ПОВИК ЗА УПИС ВО УЧЕБНАТА 2022/2023

Сите информации за распишаните места може да се најдат на Повикот за упис.

Заинтересираните кандидати доставуваат пријава за упис со сите потребни прилози на portal eVŠ. Информации за роковите за пријавување има на нашата веб-страница. Ве повикуваме да ги погледнете видео-презентациитеза пријавувањето и доставувањето на соодветната документација.

Пријавите за 1-ва година на додипломски и на униформни магистерски студии кандидатите од Северна Македонија ги доставуваат електронски на веб-порталот eVŠ до 20 април 2022 година. Кандидатите кои се уште не завршиле средно образование ќе достават документи за признавање на средното образование до 1 август 2022 година, а оние кои веќе го завршиле до 20 април 2022 година.

Роковите за пријавување на магистерски и на докторски студиски програми се разликуваат и тие се објавени во Повикот за упис. Предлагаме да го проверите рокот за упис за посакуваната студиска програма. Исто така ве покануваме на учествувате на инфо-деновите за магистерски и докторски студии и да ги поставите сите ваши прашања.

Помош при постапката за упис и прием може исто така да се добие во рамките на Инфо-точката. Може да се пријавите и за онлајн консултации за постапката за упис на додипломски студии. Напоменуваме дека уписот при Универзитетот во Љубљана не налага користење на услуги од агенти и агенции за упис.

»Изборот на студии е една од најважните одлуки во вашиот живот. Предлагаме добро да размислите за тоа што ве прави среќни, зашто полесно се студира така. Посетете ги веб-страниците на факултетите што ве интересираат како и нивното присуство на социјалните мрежи. Ако ви треба помош или совет, контактирајте не или закажете онлајн консултации. Ќе се потрудиме да ги обезбедиме сите информации и одговори на прашањата што се уште ги имате.  Ве повикуваме да не посетите навиртуелниот саем на образование “НА КОЈ ФАКУЛТЕТ ЌЕ ОДИШ?” и да ги погледнете виртуалните штандови каде што се претставуваат сите членови на Универзитетот во Љубљана (3 академии и 23 факултети). Исто така имаме подготвено разни веб-презентации, кои може да ви помогнат да се одлучите што да студирате. Во името на Универзитетот во Љубљана ви пожелувам успешно завршување на студиите и натамошно напредување во кариерата и се надевам дека ќе ве пречекам во Љубљана на есен.« вели ректорот на Универзитетот во Љубљана проф. др. Грегор Мајдич.

Draзen цtader_resize

Фото: Дражен Штадер, Продукција Студио, www.slovenia.info

Дополнителна година и можност за учење на словенечки јазик

Бидејќи студиите се држат на словенечки јазик, а на некои студиски програми и на англиски или на други јазици, за полесно вклучување во словенечката средина и поуспешно студирање, странските студенти имаат можност да ја олеснат својата интеграција во словенечката средина и да студираат поуспешно со Година плус. „Година плус“ е склоп на содржини и предмети (покрај словенечки јазик) кој по исполнувањето на одредените услови им овозможува на странските студенти да го продолжат статусот на студент.

Има и разни курсеви по словенечки јазик, кои се одвиваат во живо или онлајн во форма на есенски, зимски, пролетни и летни школи како и бесплатниот онлајн курс Slonline. На Св. Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје исто така има лекторат за словенечки јазик.

Летни школи

Секоја година Универзитетот во Љубљана организира разни летни школи од различни подрачја: од бизнис и економија, право, општествени науки, до уметност, ветерина, теолошки и технолошки науки. Во рамките на летните школи од областа на словенечкиот јазик учесниците можат да го научат и подобрат својот словенечки јазик, а летните школи се и добра можност да се запознаат со словенечката култура и средина. Некои летни школи се наменети за ученици од основните училишта, други за ученици од средните училишта, за студенти на додипломски и постдипломски студии, како и за истражувачи и професори.

Искуства од странски студенти на Универзитетот во Љубљана

Универзитетот во Љубљана е отворен универзитет и сакаме колку што може повеќе странски студенти. Студентите се нашите најдобри амбасадори и затоа собравме различни впечатоци од студенти за студирањето при Универзитетот во Љубљана и за животот во Словенија и тие може да се најдат на нашата веб-страница.

 

Информации за студирање при Универзитетот на Љубљана

Сите информации за студиите може да се најдат на веб-страницата на Универзитетот во Љубљана.

Контакт:

  • Техничка помош за пополнување на пријавата за упис: ekc@gov.si, + 386 1 478 85 90
  • Процедура за пријавување и прием: admission@uni-lj.si
  • Признавање на странско средно образование: recognition@uni-lj.si
  • Признавање на странско образование за упис на магистерски и докторски студии и за префрлување: ве молиме да го контактирате овластеното лице на релевантниот факлутет/академија
  • Докторска школа: www.unilj.si/doctoral_school
  • Година плус: letoplus@uni-lj.si
  • Курсеви по словенечки јазик: centerslo@ff.uni-lj.si

FB: @unilj
IG: @univerza_v_ljubljani
LinkedIN: @University of Ljubljana
Youtube: Универзитет во Љубљана / University of Ljubljana

Комерцијален текст

Испрати коментар

Scroll To Top