Насловна / Вести / Исланд постави споменик на местото на првиот истопен глечер

Исланд постави споменик на местото на првиот истопен глечер

Исланд го постави споменикот на местото на првиот истопен глечер, кој е жртва на затоплувањето на климата. Окјокул е првиот целосно истопен глечер на тој остров и е симбол на предупредувањето на научнциите за последиците од климатските промени. Комеморативната плоча е поставена на местото Окјокул на западниот дел од островот и е првиот споменик во светот подигнат во чест на глечер кој исчезнал поради климатските промени.

Glecer1

Научниците се надеваат дека со плочата на која на исландски и на англиски јазик пишува „Писмо за иднината“ ќе го истакнат значењето на опасности кои демнат со исчезнувањето на глечерите и последиците од климатските промени.

Пред само 100 години глечерот кој сега е прогласен за „мртов“ имал површина од речиси 15,5 квадратни километри, а дебелината на мразот била повеќе од 45 метри. На споменикот е напишана и точната количина на јаглерод диоксид во атмосферата во моментот.

Glecer

Според истражувачите, Исланд секоја година губи по 11 милијарди тони мраз. Научниците се навистина загрижени затоа што речиси половина од глечерите во светот може да исчезнат до 2100 година доколку се продолжи со ова темпо на емисијата на стакленички гасови, кои ја загреваат атмосферата.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top