Насловна / Архитектура / Нов урбан комплекс Урбан гарден“ во Скопје

Нов урбан комплекс Урбан гарден“ во Скопје

На јужната страна од булеварот „Трета Македонска Бригада“ во Општина Аеродром, Скопје отпочна со изградба станбено-деловниот комплекс „Урбан гарден“.

Visuelizacija Bulevar
Овој модерен и урбан комплекс има за цел да ги задоволи барањата на современиот начин на живеење и да ја разубави населбата.
Непосредна близина на средни училишта и универзитет, достапност до културни и трговски објекти и лесна комуникација со централното градско подрачје се дел од причините зошто инвеститорите се одлучиле да го изградат „Урбан гарден“.

Visuelizacija Den

„Урбан гарден“ е комплекс збогатен со бројни зелени површини и квалитетни градежни материјали кои формираат пријатна атмосфера за корисниците.

Visuelizacija Nokj
Станбениот дел од комплексот „Урбан гарден“ се состои од 480 станбени единици распоредени во три згради поврзани во приземјето и подземниот паркинг.

Секоја од зградите е со два влеза, а во секој влез има по два лифта, еден патнички лифт кој оди од приземје до поткровје, додека другиот е товарен лифт кој оди од -3 ниво до поткровјето. Становите се со различна структура, од 23 до 68 квадратни метри.
Деловниот простор се состои од 19 деловни единици кои се движат од 49 до 822 квадратни метри, а нивната вкупна површина изнесува 7.400 квадратни метри.

Visuelizacija Balkon
Во станбено-деловниот комплекс „Урбан Гарден“ се предвидени 495 паркинг места, од кои 45 се наменети за деловниот простор и се сместени во партер, додека останатите 450 паркинг места се предвидени за станбениот дел и се распоредени на три подземни нивоа.

IMG_1612

IMG_1608

IMG_1588

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top