Насловна / Вести / 3D печатен „еко“ бетон

3D печатен „еко“ бетон

Најпроизведуваниот материјал во светот, бетонот е пред голема пресвртница.  Начинот на кој се добива бетонот денес креира значителен јаглероден отпечаток (индустријата за цемент). Како резултат на растечката свест за намалување на емисиите на стакленички гасови, истражувачите се пред голем предизвик за создавање на „еко“ бетон. Неодамна, тим истражувачи од престичниот UCLA (University of California, Los Angeles), доби грант од 1,5 милиони УСД за развој на 3D печатен бетон, кој ќе вклучува односно апсорбира јаглерод диоксид во производтсвениот процес. На тој начин би се постигнало намалување од 60% на емисиите споредено со сегашната конвенционална метода на производство на цемент. Но, покрај овие еколошки бенефити, истражувачите ги истакнуваат и другите предности на 3D бетонот. Тоа е несомнено заштедата на време. Она што вообичено бара време од две недели, ќе може да се заврши за 3-4 дена. Згора на тоа, ризикот од повреди на градилиштата драматично ќе се намали. Значителен напредок се очекува и во однос на економичноста, но исто така ќе биде погоден и за изработка на посложени форми кои со класичните техники не се баш изводливи.

3dconcrete1

3dconcrete2

3dconcrete3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top