Насловна / Вести / Истражување: Вештачката интелигенција подобар дијагностичар од лекарите

Истражување: Вештачката интелигенција подобар дијагностичар од лекарите

Меѓународен истражувачки тим, кој вклучува и научници од Империјалниот колеџ во Лондон и Google Health, дизајнирал и изработил компјутерски модел на рентгенските снимки за речиси 29.000 жени, објавува стручниот часопис Nature.  Се испоставило дека алгоритамот е поуспешен во отчитувањето на мамограмите од шест лекари, а бил речиси подеднакво добар како двајца лекари кои заедно ги отчитувале снимките. Но, за раззлика од луѓето, алгоритамот е неуморен, а стручњаците веруваат дека можат уште повеќе да го подобрат.  Во моментот британскиот здравствен систем користи двајца радиолози за отчитување на снимките на секоја пациентка, а во ретки случаи кога нивните мислења се спротивставени, се повикува и трет лекар.  Во спроведеното истражување, алгоритамот се користел со неозначени снимки, со цел да се заштити идентитетот на пациентките, и за разлика од лекарите, без претходен увид во историјата на болеста.  За обука на специјалист радиолог потребно е десетгодишно школување. Отчитувањето на мамограмот е од клучна важност за воспоставување дијагноза, што е временски захтевна работа. Во моментот во Велика Британија има недостиг од најмалку 1.000 радиолози.

ai1

ai2

AI3

ai4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top