Насловна / Вести / ИСИС уништи дел од римскиот амфитеатар во Палмира

ИСИС уништи дел од римскиот амфитеатар во Палмира

Сириската државна новинска агенција вели дека групата Исламска држава уништила делови од римскиот амфитеатар во историскиот град Палмира.

САНА вели дека милитантите ја уништиле „фасадата“ на овој амфитеатар од вториот век, заедно со тетрапилонот, антички римски споменик со квадратна форма. Агенцијата не даде повеќе детали, ниту кажа кога спомениците биле кренати во воздух.palmira rimski teatar

Сириските опозициски набљудувачи потврдија дека се уништени делови на амфитеатарот и тетрапилонот.

Екстремистите во декември го зазедоа античкиот град од владините трупи – девет месеци откако ИСИС беше протерана во офанзива помогната од Русија.

ИСИС минатата година уништи антички храмови и други реликти.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top