Насловна / Дневни Вести / Охрид е изложен на градежна агресија

Охрид е изложен на градежна агресија

http://www.porta3.com.mk/http://92.55.64.34/images/stories/dnevni_vesti/ohrid_4.jpgОхрид – Најавата за проширување на рекреативната патека во заштитената зона на Студенчишкото блато и поставување на урбана опрема, како и пренамената на просторот на плажата Горица, каде на местото на хотелот Парк ќе никне апартмански комплекс неколку пати поголем од сегашниот објект, ќе имаат несогледливи последици не само врз животната средина туку и врз севкупниот развој на градот, предупредуваат од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро.

„На споменатиот потег на охридското крајбрежје се случуваат многу работи кои реално не би требало да се случуваат. Не навлегувам во легалитетот на постапката туку во легитимитетот и потребата за вакви постапки, затоа што ниту стратешки, ниту културно, ниту еколошки, а ниту економски не се оправдани вакви потези какви што се преземаат на охридското крајбрежје“, смета Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро.

Според него, наместо да се заштитат, Студенчишкото блато и крајбрежјето се на удар на урбана агресија која не носи ништо позитивно, а последиците најмногу ќе се почувствуваат во туризмот на што се темели целокупниот развој на градот.

„На Охрид не му доликува ваков развој на туризмот, туку му треба сосема поинакво користење на природните реткости кои ги има и се додека не застанеме сите заедно и не го кренеме громко гласот за ова што му се случува на Охрид, се дотогаш ние, кои се бориме за заштитата на животната средина, ќе ја губиме битката пред оние кои во сето тоа гледаат само некаков интерес“, рече Пановски.

Градежните зафати на крајбрежјето се изведуваат согласно урбанистичките планови одобрени од локалната и централната власт, но отсуствува поширока дебата во јавноста која засега е само нем набљудувач на промените, посочуваат стручњаците. Тие укажуваат дека е крајно време Охрид да ја промени развојната стратегија која според нив не смее да се темели само на урбанизација, посочувајќи дека неколкуте илјади изградени викенд станови со најавените планови за неколку години ќе се дуплираат што во целост ќе ја промени не само економската, туку и демографската слика на градот. (Охридњуз)

Испрати коментар

Scroll To Top