Насловна / Дневни Вести / Отворен првиот високоенергетски објект во Македонија

Отворен првиот високоенергетски објект во Македонија

ekspro2_thumb.jpgВо Струмица свечено е отворен првиот високоенергетскли објект во Македонија. Станува збор за административната зграда на компанијата Експро. Куќата ќе носи огромни енергетски заштеди, ќе биде полезна за околината, а инвестицијата би се повратила за малку подолго од четири години, ако не и порано, со оглед на постојаното зголемување на цените на енергијата и енергетските суровини.

Во изградбата на куќата користени се најнови материјали и опрема на компаниите Кнауф и Рехау. Употребен е систем на изолации на вентилиран покрив, поден систем, Рок фасаден систем, ситем за надворешен ѕид, облоги, поткровје, тавани и преградни ѕидови, како и самонивелирачка кошулка, противпожарни системи и акустични и спуштени тавани, сите од Кнауф. Од Рехау е применет системот за прозорска и фасадна техника, топлински изменувачи, системи за површинско греење и ладење, топлиндки пумпи, соларен систем, инсталација за питка вода и звучно изолиран одвод.
Реализацијата на овој проект е пример дека кај нас треба се повеќе да се градат енергетски ефикасни  објекти, што ќе биде и обврска кога ќе бидеме близу влезот во ЕУ.

ekspro1.jpgekspro.jpg

Испрати коментар

Scroll To Top