Насловна / Вести / Инвеститорите порачуваат: Г20 да го ратификуваат Договорот за климата

Инвеститорите порачуваат: Г20 да го ратификуваат Договорот за климата

G20China

Инвеститорите кои управуваат со актива во вредност од над 13.000 милијарди долари ги повикаа лидерите од Групата 20 (Г20) до крајот на годината да ја ратификуваат глобалната спогодба за климата и да го забрзаат процесот на истиснување на фосилните горива. Вкупно 130 инвеститори собрани во шест коалиции упатија писмо до лидерите на Г20 во очи на самитот кој ќе се одржи на 4ти и 5ти септември 2016 во Кина. Притоа тие апелираа на удвојување на глобалните вложувања во чиста енергија, пренесува Reuters.

Досега ниту една земја од Г20 не го ратификувала Договорот од Париз. За да стапи на сила Договорот мора да биде потпишан од најмалку 55 земји кои имаат удел во глобалната емисија од 55%. Најголеми глобални загадувачи се Кина и САД.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top