Насловна / Градежништво / Инвестиција од над една милијарда евра во патната инфраструктура најави Груевски

Инвестиција од над една милијарда евра во патната инфраструктура најави Груевски

На Градежниот факултет во Скопје, со низа свечености и стручни советувања се одбележа јубилејот – 45 години од основањето на Друштвото за патишта на Република Македонија.dpm na gradezen fakultet_02_resize
На свеченото одбележување на овој јубилеј присуствуваа премиерот Никола Груевски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, министерот за образование и наука Спиро Ристовски, претсeдaтелот на Друштвото за патишта на Република Македонија Горан Мијоски, деканот на Градежниот факултет Милорад Јовановски, како и голем број членови на оваа асоцијација и гости.

dpm na gradezen fakultet_28_resize
Претседателот на Друштвото за патишта на Р. Македонија Горан Мијоски, во своето обраќање се задржа на историјатот на ова здружение, неговата досегашна работа и неговото значење во развојот на градежништвото во Република Македонија.

drustvo na patista_1_resize
Честитајќи им го јубилејот, премиерот Груевски кажа дека развиената патна инфраструктура е важна за економскиот развој на една држава. „Добрата патна инфраструктура ја зголемува продуктивноста и трговијата, отвора работни места, овозможува развој на туризмот и создава дополнителни можности за економски раст“, потенцираше премиерот.

dpm na gradezen fakultet_27_resize
Тој нагласи дека како резултат на заложбите на Владата, во периодот 2006 – 2013 година се изградени, реконстриурани или рехабилитирани над илјада километри патишта. Од нив, 469 километри магистрални и регионални патишта со вкупна вредност од 92 милиони евра, и 302 километри локални патишта во вредност од 45 милиони евра.

Груевски најави дека оваа и следната година е планирана изградба и реконструкција на нови 63 километри патишта со вкупна вредност од 35 милиони евра, како и почеток на реализација на трите најкрупни инфрастуктурни проекти во државата – изградбата на автопатите Демир Капија-Смоквица, Миладиновци-Свети Николе-Штип и Кичево – Охрид во вкупна должина од 132 километри и финансиска конструкција од 790 милиони евра.
„Со изградбата на овие автопатишта, кои се дел од паневропските коридори 8 и 10, ние ја градиме и европската патна карта, со што се овозможува да ја валоризираме нашата централна позиција на Балканот. Овие три автопатишта, заедно со останатите локални и регионални патни правци кои ќе се градат и реконструираат во периодот 2014 – 2018 година, претставуваат инвестиција од над една милијарда евра“, нагласи премиерот. За наредниот месец, премиерот најави дека ќе биде објавен меѓународен повик за изнаоѓање концесионер за патните правци Гостивар-Кичево и Скопје-Блаце. „Подготовката за изнаоѓање концесионер ја работиме со AVS и сме во завршна фаза, така што во наредните неколку недели ќе биде објавен меѓународен јавен повик“, посочи Груевски. Според него, со новите автопатишта ќе се подобри движењето и безбедноста на патниците и стоките, ќе се олесни поврзувањето на источниот и западниот дел од државата со главниот град, а и Македонија ќе се промовира како транзитна земја меѓу земјите од Европа и Азија.
Како дел од свеченостите за одбележување на овој јубилеј беа доделени и признанија за институции и поединци кои во изминатиот период имаат оставено белег во патоизградбата.

dpm na gradezen fakultet_06_resize
Така, Златна плакета, највисокото признание на Друштвото за патишта на Република Македонија, им беше врачена на претседателот на Владата на РМ Никола Груевски, и на министрите за образование и наука и за транспорт и врски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески.

dpm na gradezen fakultet_09_resize dpm na gradezen fakultet_08_resize

Друштвото за патишта на Р. Македонија додели признание и на Град Скопје за „Исклучителен развој на градските сообраќајници”, а наградата ја прими претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева.

dpm na gradezen fakultet_10_resizedpm na gradezen fakultet_14_resize dpm na gradezen fakultet_12_resize

Златна плакета им беше доделена и на Градежниот факултет во Скопје, на Јавното претпријатие за државни патишта, на Јавното претпријатие „Македонија пат“, Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија и на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Исто така, беа доделени и признанија за поединечни заслуги во развојот на патоизградбата.

dpm na gradezen fakultet_16_resize

Постхумно му беше доделена на Александар Методиев Лепавцов (1938-2008), прв доктор на науки од областа на патиштата во Македонија, и министер за урбанизам, градежништво, сообраќај и екологија во првата експертска влада на независна Македонија. Признанието го прими неговиот син Андреј Лепавцов, амбасадор во мисијата на ЕУ. dpm na gradezen fakultet_21_resize

dpm na gradezen fakultet_20_resize dpm na gradezen fakultet_18_resize dpm na gradezen fakultet_17_resize dpm na gradezen fakultet_15_resizedpm na gradezen fakultet_13_resizedpm na gradezen fakultet_22_resize

Другите поединечни признанија ги добија професорите Радојка Дончева, Павле Стојменов, Орхан Авдовиќ и Спасен Ѓорѓевски од Градежниот факултет, професорот Вулнет Палоши од Државниот универзитет во Тетово и Димче Босилков, секретар во Друштвото за патишта на Република Македонија и раководител на одделението за транспорт во компанијата „Балкан консалтинг“.

На свеченото одбележување на овој јубилеј беше одржано меѓународно стручно советување на тема „Автопатиштата, клуч за понатамошен економски развој на Република Македонија“, на која се дискутираше за сите аспекти од изградбата на автопатишта (планирање, проектирање, изградба, одржување, управување и безбедност).
Друштвото за патишта на Република Македонија (ДПМ), како стручна асоцијација на градежните инженери од областа на патиштата, е основано кон крајот на 1967 и почетокот на 1968 година, а прв претседател бил дипломираниот градежен инженер Младен Николовски. Друштвото за патишта на Р. Македонија е доброволно, стручно професионално, непрофитно здружение (асоцијација) на граѓани.

Испрати коментар

Scroll To Top