
Регионалната депонија за југозападниот регион од Македонија кој опфаќа девет општини, меѓу кои и Охрид и Струга, најверојатно ќе се гради во општина Осломеј, информираат од Центарот за развој на југозападниот плански регион. Токму управувањето со отпадот во југозападниот регион беше тема на одржаниот состанок во Охрид по иницијатива на Центарот, а на кој присуствуваше и заменик министерот за животна средина Стево Темелкоски, како и претставници од локалната самоуправа, јавното претпријатие „Охридски комуналец“ и Секторот за комунален развој.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија
И онака ТЕЦ Осломеј не работи заради хаварија, ова е еколошка можност да се искористи нешто од него.