Насловна / Арт и дизајн / Иновативни орманчиња кои изгледаат како аквариуми

Иновативни орманчиња кои изгледаат како аквариуми

Бразилскиот дизајнерски дуо Хумберто и Фернандо Кампана, својата инспирација за еден фин исчекор во нивното дизајнирање, овој пат ја нашле во транспарентните површини, поточно во стаклото.akvirium ormani

Кружните отвори на новите, дрвени орманчиња наречени Aquário, за шпанскиот бренд BD Barcelona Design, ги пополниле со стакло со впечатлива зелена боја, со цел да се создаде фасцинантен ефект на аквариум.akvirium ormani (3)

Ова парче иновативен мебел, чијашто конструкција е направена од висококвалитетно дрво од бор, доаѓа во две верзии, со споменатите зелени стаклени детали, но исто така и во сина боја.akvirium ormani (2)

„Она што нè разликува во дизајнирањето е своевидната хибридност на материјалите што ги користиме. Токму тоа станува наш заштитен знак. Сакавме малку и да си играме со масивноста на самото дрво и пропустливоста на светлината низ стаклото“, објаснуваат браќата Кампана, чијшто Aquário ќе биде претставен на овогодишната Недела на дизајн во Милано – Salone del Mobile.

 

Испрати коментар

Scroll To Top