Насловна / Вести / Информативен енергетски ден во Општина Карпош

Информативен енергетски ден во Општина Карпош

Karpos

Во организација на одделението за енергетска ефикасност на општина Карпош се одржа „Информативен енергетски ден“. Стручните лица информираа за активностите од проектот за ладење и греење „CoolHeating“ и за резултатите од досегашното залагање на општина Карпош, во напорите за енергетски поефикасна општина. Целта на Информативниот енергетски ден, како што информира општина Карпош, е подигнување на свеста на граѓаните за придобивките од користење на мали модуларни системи за централно ладење и греење.

Проектот „CoolHeating“ ќе овозможи пренесување на знаења и искуства од заедничките активности меѓу партнерите од земјите, кои веќе ги користат овие развиени технологии за обновливо централно ладење и греење, какви што се Австрија, Германија и Данска. Корисници во овој меѓународен проект се општина Високо (БиХ), Љутомер (Словенија), градот Шабац (Србија), градот Озаљ (Хрватска) и општина Карпош.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top