Насловна / Архитектура / Импресивна куќа во Словенија

Импресивна куќа во Словенија

Словенечкото архитектонско биро SoNo Arhitekti го потпишува проектот на новата семејна куќа, која доминира со својата импресивна големина и облик.куќа во словенија (9)

На парцела од речиси 2.000 квадратни метри изградена е куќа од 410 м2 за седумчлено семејство. Бирото SoNo Arhitekti со тимот Едвард Блажко, Марко Волк и Нина Тешановиќ, проектирале куќа со две паралелни ламели кои се поврзани со трета ламела поставена на неа. Сите три ламели завршуваат со кос покрив покриен со темен покривач – со иста боја како што се и фасадните панели.куќа во словенија (4)

Со комбинацијата на темна фасада и греди од даб, кои делумно ги покриваат стаклените површини штитејќи ја внатрешноста од прегревање, направен е добар визуелен контраст, кој е во целосна согласност со словенечката рурална средина.куќа во словенија (8)

Дрвената облога на фасадите е поставена под агол од 45 степени, додека гредите се поставени вертикално, и тоа на прв поглед со произволни растојанија.куќа во словенија (7)

Всушност, така поставените греди ги истакнуваат отворите во куќата.куќа во словенија (6) куќа во словенија (5) куќа во словенија (3) куќа во словенија (2) куќа во словенија (3) куќа во словенија (1) куќа во словенија (2) куќа во словенија (1)

Испрати коментар

Scroll To Top