Насловна / Вести / Импресивна книжарница со дизајнерски потпис

Импресивна книжарница со дизајнерски потпис

Познато е дека Кина е земја со огромно културно наследство и специфична атмосфера, и токму од ова се воделе и дизајнерите од студиото X+Living во својот последен проект. Се работи за една убава книжарница во еден трговски центар, која од кога е отворена не престанува да ја воодушевува јавноста.библиотека_1

На прв поглед, веднаш ќе ја забележите нејзината пространост и навистина непрегледната понуда на литературни наслови, но, исто така, и впечатливиот дизајн кој во одредени сегменти носи футуристички елементи.библиотека_2

Дизајнерите со посебно внимание се посветиле на различните уредувања во различните делови од книжарницата, па така децата до нивната област на интерес одат низ симулирана шума од бамбуси, а книгите се наоѓаат на полиците во форма на ветерница или животно.библиотека_3

Книжарницата се простира на неколку катови, и нуди различни зони за читање и одморање, од кои најинтересна е централната, која се наоѓа на повисока површина и нуди поглед на целиот простор.библиотека_4

Еден дел е уреден на таков начин што потсетува на домашна топла атмосфера и е опкружена со ѕидови од тули, додека вториот дел е со чисти линии и бели елементи кои личат на еден вид научно-фантастичен филм.библиотека_5 библиотека_6 библиотека_7

Испрати коментар

Scroll To Top