Насловна / Арт и дизајн / IKEA и Byredo најавиле лансирање на заеднички мирис

IKEA и Byredo најавиле лансирање на заеднички мирис

Кога станува збор за уредување на домовите, шведскиот синџир ИКЕА, секако, се наоѓа во самиот врв на тековната пазарна понуда. Без разлика дали имате голем буџет или сакате својот простор да го организирате за помал износ, големи се шансите таму да најдете некое парче мебел или само детаљ што ќе го надополни просторот.

Но, ако зборуваме за врвно и необично парфемско искуство, познатиот скандинавски квалитет го гарантира уште еден друг шведски бренд, Byredo. Нивните парфеми се омилени мириси на многу блогерки и други јавни личности, а доаѓа во препознатливите минималистички шишиња. Затоа не изненадува дека веста за соработката на овие два гиганти ги воодушеви љубителите на мириси од целиот свет.биредо-икеа

Имено, наскоро би требало да добиеме мирис за секој дом, кој ќе потсетува на опуштена атмосфера и пријатни чувства кои ги поврзуваме со него.

Основачот на брендот Byredo, Бен Горхам, на оваа тема изјавил: „Мирисот е важен дел од секој дом, тој создава чувство на удобност и безбедност. Ретко зборуваме за тоа, а овој проект токму со тоа се занимава; да ги натера луѓето да размислуваат за мирисите што ги опкружуваат“.

Испрати коментар

Scroll To Top