Насловна / Вести / Ikea ги повлекува столиците за плажа

Ikea ги повлекува столиците за плажа

Шведскиот производител за мебел Ikea одлучи да ги повлече столиците за плажа по добивањето на извештаите дека може да се скршат и да предизвикаат повреди.

Ikea ги повика купувачите на моделите Mysingso столици за плажа до 31 јануари да ги вратат, сè со цел да им ги вратат парите за истите, дури и доколку ја немаат сметката.ikea

Шведската компанија одлучи да ги повлече столиците по добивањето на пет извештаи за повреди предизвикани со кршење столчиња во Финска, Германија, САД, Данска и Австралија.

Ikea е водечки светски производител на мебел и има повеќе од 300 продавници во 27 земји.

Испрати коментар

Scroll To Top