НИСКАТА ХОЛАНДИЈА МОРА ДА ПОТРОШИ НАД 100 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА ЗАЦВРСТУВАЊЕ НА БРАНИТЕ НА БРЕГОТ НА ДРЖАВАТА.- КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ НОСАТ ВОДА, А ТАА МОЖЕ ДА ЈА ПОТОПИ ХОЛАНДИЈА, ПРЕДУПРЕДУВААТ ЕКСПЕРТИТЕ
Земјата која во своите 2/3 е под нивото на морето, мора да потроши дури 1,5 милијарди евра на годишно ниво во текот на следниот век за дополнителни мерки за безбедност, вели извештајот од владината комисија за кризи на Холандија. Не станува збор за лежерно прашање, туку за елемент на најголема итност.
Нивото на водата во морињата расте, а со тоа се зголемуваат шансите за поплавување на делови од Холандија. Сегашната состојба на браните не ги задоволува анализите, се вели во извештајот. Тој веќе му е предаден на холандскиот премиер Јан Петер Балкененде.
Комисијата навела дека на Холандија и се потребни околу 1,8 милијарди евра за да ги исполни сите безбедносни дупки
до 2100 година што е пак 0,3 проценти од националниот доход. Сите пари ќе бидат инвестирани во проширување на одводните канали и зацврстување на браните во Северното Море. Дополнително се потребни уште 300 милиони евра за истурање на стотици километри песок.
Претседателот на комисијата, Цес Вернан вели дека анализата е сценарио за подготовка пред да се случи катастрофа. Парите што се бараат се големи, па сосема е сигурно дека холандската влада ќе бара помош и од Европа.
Според анализата, нивото на морето до 2100-та година ќе се подигне за 0,65 сантиметри, а ќе расте до рекордни 1,3 метри уште 100 години подоцна. Тоа не значи ризик само за брегот, туку и за водата за пиење, бидејќи солената вода ќе навлезе во земјата и ќе ги компромитира слатките води.
Со кревањето на нивото на водата ќе бидат загрозени околу 8 милиони Холанѓани што е речиси половина од вкупната популација. Планот на комисијата за излез од кризата има 12 точки кои се еден вид на листа на приоритети. Комисијата на крајот наведува дека 100 или 200 години можеби изгледаат далечен период, но предупредува дека ако навреме не се донесат политички одлуки, природата мошне бргу ќе изненади.
П.Р.
Објавено во број 90.