Насловна / Архитектура / Прозрачност и впечатлива естетика

Прозрачност и впечатлива естетика

prozracnost_thumb.jpg„Куќа С114“ е неодамна
реализиран
проект на ентериер во југоисточниот
дел на Приштина. Се наоѓа во
приградска населба и е опкружена со
приватни семејни домови. Објектот
е составен од неколку целини, кои
се распоредени на различни висини
(меѓукатови) и го сочинуваат: подрум,
кујна, трпезарија, дневна соба, три
спални соби и три купатила.

Автори
на прокетот се архитекти од студиото „Postarch“. Главниот влез се
наоѓа на ниво на улицата, каде
што главниот ходник е поврзан
со подрумот од една страна и
кујната од другата. Замислено
е подрумот парцијално да
служи како простор за технички
простории, а другиот дел како
вински подрум. Полиците за 750
вински шишиња се направени
од локално дабово дрво, кое со
колоритот мошне успешно се
вклопува во материјализацијата
на самата просторија. Подовите
се поплочени со мермерна
керамика, додека ѕидовите се
обложени со тула. Впечатливото
присуство на белата боја
во кујната се простира на
целокупниот ентериер, и
претставува добра подлога
за дизајнерскиот мебел, кој
поседува впечатлива естетика.
На кујната се надоврзува
дневната соба, која се наоѓа
на ниво на меѓукат. Клиентот
имал специфични желби за
оваа просторија, и архитектите
се обиделе да го усогласат
неутралниот колорит на
ѕидовите со малиот број на
парчиња мебел за да не биде
пренатрупана. Низ централниот
дел на куќата се простираат
скалила, кои исто така на целиот
простор му даваат прозрачност
и многу добро осветлување.

Д.Б.

 

prozracnost_1.jpgprozracnost_2.jpgprozracnost_3.jpgprozracnost_4.jpgprozracnost_5.jpg

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top