Насловна / Арт и дизајн / Сликата како стенографска изведба

Сликата како стенографска изведба

stenografska_thumb.jpgТони Орико
(1979) е млад
американски
визуелен
уметник, кој
креира необични
геометриски слики, кои
честопати се темелат
на правилата на
симетријата и златниот
пресек. Како изведувач
и уметник во изминатиот
период работи на
серијата насловена
Penwald Drawings. Покрај
самите цртежи, многу е
интересен и начинот на
нивното настанување,
што овој уметник го
прават единствен.

Сите
слики настануваат
преку перформанси,
кои се реализираат
во галерии и музеи за
време на одржувањето
на изложбите на
овој уметник. Тони
Орико покрај своето
академско образование,
во изведбата на овие
цртежи го користи
и богатото искуство
како танчер во разни
театарски трупи.
Меѓу другото, тој е и
поранешен член на Shen
Wei Dance Arts и Trisha
Brown Dance Company, а
учествуваше на големата
ретроспектива посветена
на Марина Абрамовиќ
во Музејот на Модерна
Уметност во Њујорк.
Она по што Тони Орико
е препознатлив во
уметничкиот свет, е што
ги креира цртежите како
стенограф, што всушност
многу малку луѓе се
способни да го направат
тоа. Тоа значи дека
потезите се креираат
во текот на одредена
игра кога уметникот ги
движи рацете потполно
симетрично, креирајќи
дела на совршена
симетрија. Неговите
дела неодамна беа
откупени од страна на
Националната академија
на науките во Вашингтон.

Дејан Буѓевац

stenografska.jpgstenografska_2.jpg

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top