Насловна / Архитектура / 14 дијаманти ја крунисаа архитектурата во 2010

14 дијаманти ја крунисаа архитектурата во 2010

14_dijamanti_thumb.jpgИзборот за најдобри објекти се врши секоја година на архитекти чии проекти
се реализирани во тековниот период, а се номинирани и изгласани од
страна на посетителите на овој релевантен медиум за архитектура.

 

 

 

14_dijamanti_1.jpgКатегорија Станбена зграда
60 Richmond East Housing Co-Operative

60 Richmond East Housing Co-operative е еден од последните проекти на Teeple Architects. Оваа единаесеткатница со 85 целини за комбинирана
употреба е еден од првите објекти од овој вид во Торонто, Канада. Објектот е добитник на повеќе награди, меѓу кои и Design Excellence Award (2010) од
Асоцијацијата на архитекти на Онтарио, како и LEED – златен сертификат. Примарната намена на објектот е сместување на вработените во угостителството
и туризмот. Комплексот содржи целосен систем за производство и преработка на храна. И покрај тоа што не се работи за големи количества, постои
затворен круг на производство: ресторанот и кујната се снабдуваат со градинарски продукти кои се одгледуваат на терасите на шестиот кат, градините
се наводнувани од покривните системи за иригација, а отпадот од органско потекло што се генерира во кујната се користи за наѓубрување на почвата.

 

14_dijamanti_2.jpgКатегорија Приватна куќа
Hunsett Mill

Проектот Hunsett Mill е дело на архитектите од ACME, изградено во Норфолк,
Англија. Се работи за живеалиште сместено во амбиент на природна и создадена
идила. Објектот е активно позитивен во однос на локалната екологија. Дури
и изгледот донекаде е инспириран од минималното влијание врз околината:
робусна форма, чиста и едноставна, со надворешност која се вклопува
во амбиентот. Објектот имал долга и неславна историја на доградување
и обновување, а последните интервенции го доведуваат неговиот изглед
најблизу до првобитната и оригиналната форма. Играта со традиционалните и
современите материјали е максимално присутна, но речиси незабележителна.
Објектот е скоро сосема самоодржлив: секоја просторија има максимален прилив на дневна светлина, има вградени геотермални пумпи за извлекување
на подземна топлина, пасивно соларно греење и независен бунар со кој се снабдува со вода за пиење и техничка и санитарна употреба.

 

14_dijamanti_3.jpgКатегорија Индустриски објект
Laposa Winery

Новиот објект на винаријата Лапоса е
проект излезен од Ателјето на Петер Кис.
Градбата е лоцирана во Унгарија, на еден
од винските поседи на нејзините основачи.
Новиот објект е одговор на новите потреби
создадени од технолошките унапредувања на
производството и експанзијата на компанијата
во областа на туризмот. Целта што е постигната
е модернизирањето, но и зачувувањето на
обележјата на винаријата. Следната градежна
фаза која ја планираат сопствениците ќе опфаќа
изградба на ресторан, простории за дегустација
на вино, помал хотелски капацитет, како и
изградба на вински пат кој ќе нуди едукативна
содржина за посетителите. Инаку, целиот регион
е дел од Националниот парк Балатон. Тоа значи
дека градењето во таа зона мора да исполнува
многу услови и критериуми. Заради вклопување
во амбиентот, инспирација за изгледот на
објектот е најдена во самата околина – насадите
со лозници. Токму затоа, објектот е на еден кат,
со чисти форми и разместеност која одговара
на потребите за обработка на грозјето.

 

14_dijamanti_4.jpgKатегорија Музеј
North Carolina Museum of Art

NCMA – North Carolina Museum of Art e дизајниран од страна на Thomas Phifer да одговара на потребите на една институција од ваков калибар.
Покривната конструкција изобилува со овални окулари во паралелна поставеност, кои на волшебен начин ја исполнуваат просторијата со дневна
светлина. При вакво осветлување уметничките дела добиваат видливост на белите ѕидови. Внатрешиот простор е замислен како една огромна соба,
а просторниот континуум е одржан благодарение на преградите што не се доближуваат до висината на таванот. Секоја просторија има отворени
агли со што е овозможена активна флуидност низ просторот.Уметничките дела се изложени без хронолошки редослед, што е мошне невообичаено
во однос на искуството на посетителите. Отворените градини се простори каде што се изложени вајарските дела од музејската колекција. Околината
на музејот е контраст на неговиот екстериер – бела правоаголна зграда во полиња со свилена трева, што само по себе остава силна импресија.

 

14_dijamanti_5.jpgКатегорија
Угостителство
Temporary Bar

Секоја година студентите од
Архитектонската школа Опорто се
поканети да дизајнираат привремен
бар, кој ќе ја претставува нивната
институција на највисоко ниво
како извонредно архитектонско
решение. Брзата конструкција и
ниската цена на градба се дел од
условите што треба да ги исполнува.
Барот, кој го осмислија Diеgo Aguiar
и Teresa Otto, е висок 4,7 м, има
површина од 9 м², и е сочинет од
самостојни модуларни елементи
во стилот на ИКЕА. Големите
светлечки кутии распоредени
во различни интервали, според
длабочината на секој елемент, му
даваат дополнителна атрактивност
на барот преку формирањето
необична текстура. Со импозантната
висина, оваа светлечка кутија
добива скулптурален карактер.
Мрежата од лед-диоди, поставена
зад белите кутии игра голема
улога бидејќи ја претвора белата
коцка, каква што е преку ден,
во илуминациско шаренило кое
одговара со диџејскиот сет навечер.

 

14_dijamanti_6.jpgКатегорија
Јавен објект
Bridge in Esch

Пешачкиот мост во Еш,
кој претставува вистинска
атракција во Алзет -
Луксембург, е проект
на Metaform Architects.
Примарната идеја е да се
создаде директна конекција
меѓу срцето на градот и
зелениот простор во паркот
Галгенберг. Должината на
пешачкиот мост изнесува
150 метри, а кај дизајнот
воочлива е инспирацијата
од филозофијата на
минимализмот. Ваквиот
објект е во остар контраст
со околината во која се
наоѓа. Главниот акцент е
поставен на фасадната
игра со колорит и светлина.
Концептот за осветлување
е производ на соработката
со Speirs and Major
Associates. Естетиката на
овој објект е она што го
прави уникатен, односно
придонесува тој да биде нова
изразита линија во имиџот
на вториот по големина
град во Луксембург.

 

14_dijamanti_7.jpgКатегорија Институција
Voda fone Headquarters

Станува збор за проектот на
Barbosa & Guimaraes за Водафон,
кој победи на конкурсот со
слоган „Водафон живот, живот
во движење“, лоциран во Порто,
Португалија. Зградата е вистинска
архитектонска интерпретација на
ваквото мото, создавајќи импресија
на динамика во окото, поигрувајќи
ги сетилата, предизвикувајќи
ја статиката. Како објект од
институционален карактер се
очекува да има линеарен дизајн,
но оваа осумкатница наеднаш ги
крши правилата со неправилните
форми и балансираната динамика
во изразот. Особеноста е
во пластичноста на бетонот
што дозволува креирање
на невообичаени облици.
Функционира и како градежно
и како екстериерно решение,
кое внесува кохезија во изгледот
на овој монолитен објект.

 

14_dijamanti_8.jpgКатегорија Образовна институција
Barnard College

Соработката на Weiss/Manfredi на повикот на Barnard College резултираше со вистинско
архитектонско ремек дело. Седумкатниот објект лоциран во Њујорк Сити, на површина од
98.000 квадратни стапки, беше во фаза на проектирање и изградба цели седум години. Конечно,
Центарот Дијана е новото јадро на социјалниот, културниот и интелектуалниот живот на овој
колеџ. Како градба потполно се вклопува во стилот на женскиот колеџ, кој од своето формирање
во 1889 година, како филијала на Универзитетот Колумбија, претставува тивко интимно катче во
интензивната урбана средина на Менхетен. Главна карактеристика се заедничките простории и
халите наменети за спојување и комбинирање на уметноста, архитектурата, драмата и историјата.

 

14_dijamanti_9.jpgКатегорија Објект со
спортска намена
Richmond Olympic Ova

По повод Зимската Олимпијада која се одржа
во Ванкувер, Канада, како дел од подготовките
беше изграден и проект на Cannon Design.
Олимпискиот овал е конструиран како
централен простор на урбаното крајбрежје,
кое е уредено како комбинација на станбени,
деловни и јавни простори. По завршувањето
на олимписките игри, „Овал“ стана спортски
и велнес центар. Неговиот дизајн е таков
што одговара на потребите на најголем број
спортови, но и други социјални активности.
Со впечатливата форма која му е дадена,
овој објект прерасна во симбол на регионот.
Формата е инспирирана од заштитниот знак
на градот. Покривот во целост е изработен од
борово дрво настрадано од епидемија на штетници. Со тоа, нè само што е најголемиот покрив од дрво туку е и поттик за користење на „оштетено“ дрво, со
цел намалување на економскиот удар што епидемијата го зададе на локалните компании кои се бават со сеча на бор. Најголемиот дел од другите користени
материјали се исто така еколошки, за што говори и LEED®Silver сертификатот, што е необично достигнување за објект со вакви димензии и намена.

 

14_dijamanti_10.jpgКатегорија Ентериер
Closet House

Необичното решение на ентериерот на
таканаречената Closet House им ја донесе
наградата на Consexto. Се работи за обид
за трансформација на простор од 44 м² во
комплетно комфорно и практично живеалиште.
Благодарение на елементите создадени за
преместување и пренамена, оваа квадратура
содржи пет одделни простории. Амбиентот е
главно во натур дрво и пастелни бои со кои
се постигнува визуелен ефект на комоција и
пространост. Најголем дел од покуќнината
е вграден во самиот објект, како што е
случај со телевизорот, фиоките, плакарите,
кујнските елементи… Едукативната нота на
овој дизајн е тоа што служи како доказ дека
е можно да се живее на мала површина во
потполна удобност и софистицираност.

 

14_dijamanti_11.jpgКатегорија Сакрален објект
Tampa Covenant Church

Признанието за сакрален објект го доби студиото Alfonso Architects
за Црквата на заедницата во Тампа, Флорида, САД – Tampa covenant
church. Проектирана во 2010 година, црквата покрај светилиште вклучува
и канцеларии за администрацијата, училнци со капацитет од 450 лица
и паркинг. Проектот се базира на два постоечки едноспратни објекта,
еден изграден во 1960, а другиот во 1990 година. Предизвикот што е
реализиран со овој проект е создавањето интимен црковен кампус, преку
обнова на надворешниот простор кој ги опкружува постоечките и новите
објекти. Ентериерот и екстериерот на црквата се осмислени комплетно во
пропорција со теолошките услови за градба и уредување. Голем дел од
елементите што се препознаваат како обележја на објектот произлегуваат
од симболите на религијата, на пример: три маслинови дрвја, седум кутии
за свеќи, дванаесет прозорци во канцеларискиот дел и тн. Вкупната сума
вложена во изградбата на овој комплекс изнесува 2.600.000 долари.

 

14_dijamanti_12.jpgКатегорија Обнова и пренамена
Urba n Outfitte rs Corporate Campus

Наградата од оваа категорија ја доби Корпорацискиот кампус на Urban
Outfitters, а е дизајн на Meyer Scherer & Rockcastle. Се работи за адаптација на
четири историски згради на морнарицата во Филаделфија, САД, преобразени
во деловен простор со идеален амбиент. Пренаменетите објекти порано
биле дел од просториите на бродоградилиштето на морнарицата, до 1996
година, по што биле напуштени, а осум години подоцна и продадени во приватна сопственост. Така, комплексот од овие четири згради доаѓа
во сопственост на оваа команија за трговија со текстил и облека, која
има вложено над 100 милиони долари за реализација на овој проект.
Пространите волумени и пристапот на дневна светлина, кои некогаш
биле клучни за производството, сега се фактор за зголемување на
креативноста. Синтезата на четирите елементи: уметност, култура,
економија и животна средина, резултирале со транформација на еден
јавен производствен објект во приватен центар на креативноста. Овој
проект ја доби и почесната АIА награда за архитектура за 2010 година.

 

14_dijamanti_13.jpgКатегорија Деловен објект
Va kko Headquarters and Power Media Center

REX се препознатливи по инвентивните структурални решенија и необичните
идеи за употреба на материјали во градба. Ја освоија наградата во
категоријата за најдобар деловен објект со зградата за Vakko and Power
Media, лоцирана во Истанбул, Турција. Во објектот е сместена дирекцијата
на турската модна куќа и медиумската куќа што е во иста сопственост,
а просторот од 9.100 м² покрај канцеларии содржи и сали за модна
презентација, конференциски сали, аудиториум, музеј и ресторан, како
и тв и радио продукциски студија. Дизајнот интегрира челична структура
што, покрај миксот на постоечката бетонска структура и комплексното
внатрешно јадро, овозможува екстериерно објектот да биде перципиран
како компактна целина. Структуралното „Х“ на стаклените панели на
фасадата ја разбиваат монотонијата на надорешната форма преку контраст
со огледалниот волуменозен финиш на врвот. Токму овој елемент на објектот
му дава скулптурални карактеристики и ја потенцира неговата уникатност.

 

14_dijamanti_14.jpgКатегорија Култура
BIG / Denmark Pa vilion, Shanghai Expo 2010

Данскиот павилјон на Shanghai Expo 2010 им носи уште една ArchDaily
награда на архитектите од бирото BIG. Објектот е интересен нè само од
архитектонски и градежен аспект туку највеќе затоа што го доловува
духот на Данска. Павилјонот претставува голема велосипедска патека,
по која посетителите се возат со велосипеди достапни на самиот влез.
Во средината на кружната патека е сместен голем базен исполнет со
вода од крајбрежјето на Копенхаген, кое важи за едно од најчистите
во светот и е отворен за пливање за посетителите. Во средината на
базенот се наоѓа скулптура на „малата Сирена“, која е симбол на
Данска. Изведбата е во челик обоен бело, со што се задржува ниската
температура и покрај силното шангајско сонце. Она што е најважно
кај овој објект е силната порака што ја испраќа, односно дека нештата
што се добри за околината и заштитата на животната средина, нè
секогаш значат одрекување од забавата или квалитетот.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top