Насловна / Вести / Патот се тресе како прачка

Патот се тресе како прачка

Image

Иова лето се слушаа редовните негодувања на возачите околу тоа дека делницата од магистралниот пат низ Мојковац, долга 27 километри, ја пречекала и испратила туристичката сезона без санација на дотраениот коловоз. Изостана дури и обновата на вертикалната и на хоризонталната сигнализација, што е причина за чести сообраќајни несреќи. Многумина со причина се прашуваат дали оваа делница воопшто и припаѓа на магистралната сообраќајница која води кон главниот град на Црна Гора и кон приморјето. Возачите се особено револтирани поради ризиците кои демнат на мостот “Газела“, под превојот Крстац, кон Рибаревина и на оној на Јушковиќ Поток, на самиот влез во градската населба од правецот на Бело Поле.

Овие два моста, кои ги гушнале бреговите на длабоките амбиси, со остри кривини на самиот влез од насока на Бело Поле и со другите недостатоци кои се покажаа од самото отворање на сообраќајницата, возачите ги дефинираат дека се тресат како прачка над вода. Оваа вибрација која со посебен страв ја доживуваат пешаците кога ќе се затекнат на мостовите, особено е изразена при минување на товарните возила.

– Дали се во прашање нестабилните столбови кои го носат мостот или во овие градби не се вградени доволни количини железо и бетон, или можеби не се на вистински начин соединети и поврзани, ова е само аларм за надлежните кои се гри- жат за патната сигурност – оценува возачот од Валево Митар Вукелиќ кој веќе со години поминува низ Црна Гора со својот товарен камион. Страничните делови на мостот исто така се исполнети со дупки кои не можат да се избегнат и покрај целото внимание. Поради тоа и тука се забележуваат чести несреќи. Низ отворените дупки на мостот на Јушковиќ Поток во неколку наврати новинарите го сликале длабокиот амбис.

– Од Секцијата за патишта, а потоа и од Дирекцијата за сообраќај ќе дојдат, ќе ги закрпат дупките и ќе се изгубат, а дупките по некое време повторно ќе се отворат. Тоа е повеќе од несериозно и неодговорно – речиси во ист глас ги изнесоа своите оправдани реакции неколкумина таксисти кои повеќе пати во текот на денот и ноќта минуваат преку мостот. Во локалната управа не можевме да дојдеме до информацијата дали и кога ќе почне посериозна санација на овие мостови која надлежните државни институции одамна ја најавуваат.

 

(“Побједа“)

Објавено во борј 92.

Испрати коментар

Scroll To Top